Правдико

   

Ќе се зголемува додатокот за децата со посебни потреби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На синоќешната 77.  седница на Владата министрите го прифатија предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.

Предложените измени и дополнувања на овој закон опфаќаат подобрување на финансиската состојба на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, како и овозможување на деца за кои се користи право на посебен додаток да бидат здравствено осигурени, доколку не се осигурени согласно со закон.

Предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата ги содржи следниве решенија:

– износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата да се зголеми од 4 202 денари на 5 021 денари;
– на зголемените износи (за самохран родител кој има дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години) да се зголеми од 6 303 денари на 7 351 денари;
– за материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална парична помош и постојана парична помош кои имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот да се зголеми од 5 252,50 денари на 6 276 денари.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ја разгледа и ја прифати информацијата за изградба на дневен центар за деца со аутизам. При тоа Владата го задолжи ресорното министерство во рок од 30 дена да ја отпочне потребната постапка за вадење градежна дозволи. За најдоцна 6 месеци Министерството за труд и социјална политика треба да ја информира Владата за целосната реализација на проектот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико