Правдико

   

Ќе се зголемува ефикасноста во управните спорови преку изготвување на нов закон

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Управниот спор како судска заштита на правата на граѓаните од незаконските акти и работа на управата во Република Македонија за првпат е воведен со Законот за управни спорови во 1952 година, надополнет со нов Закон за управните спорови во 1977 година и со последниот трет Закон за управните спорови донесен во 2006 година со кој во државата се формираше посебно специализирано управно судство.

Овој закон е изменет и дополнет во 2010 година со одредби за формирање Виш Управен суд без да се пропишат одредби за водење на постапка пред овој суд. Законот за управните спорови донесен во 2006 година за изминатиот период покажа низа слабости во поглед на долготрајноста на управниот спор, неодлучувањето на судот во полна јурисдикција, неизвршување на одлуките донесени од страна на Управниот суд и други недоследности кои доведуваат до проблеми за граѓаните во остварувањето на нивните права во управниот спор.

Воедно констатирана е излишност од тоа јавните органи во управниот спор кој се води против нив да бидат застапувани од државното правобранителство. Имено, во согласност со ЗОУП од 2015 година службеникот кој ја водел управната постапка должен е таа постапка и да ја заврши односно да го донесе и потпише решението.

Целта на новото законско решение ќе биде поголема ефикасност во управниот спор, намалување на должината на управно-судската постапка, усогласување на Законот за управните спорови со Законот за општата управна постапка, мериторно одлучување од страна на Управниот суд, обезбедување извршност на одлуките на Управниот спор и слично.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:15/05/2018 – 30/06/2018

Партнери на Правдико