Ќе се зголемуваат овластувањата на рибочуварите | Правдико

Правдико

   

Ќе се зголемуваат овластувањата на рибочуварите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

RibocuvarСо Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство се врши изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство. Со донесувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство ќе се изврши уредување на овластувањата на рибочуварите кои ги чуваат државните риболовни води кои не се дадени на концесија од бесправен риболов и риболовни кражби, како и доуредување на прекршочната комисија.

Овој Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство има за цел да изврши уредување на овластувањата на рибочуварите кои ги чуваат државните риболовни води кои не се дадени на концесија од бесправен риболов и риболовни кражби, како и доуредување на прекршочната комисија.

Според предлог измените при контролата рибочуварот има право од лицата кои ловат риба од брег и од пловен објект, како и од лицата кои се наоѓаат во непосредна близина на риболовната вода:

– да побара документ за лична идентификација;

– да врши преглед на средствата со кои лицето дошло до риболовната вода;

– да побара легитимација и дозвола за вршење риболов согласно Законот за рибарство и аквакултура и;

– да ги одземе привремено риболовните средства и уловената риба доколку утврди неправилности.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Фото: Webohrid

Препорачуваме

Партнери на Правдико