Ќе ве казнам ако го навредите судот, му рече судијката на Ставре Џиков, адвокатот на Владо Јовановски | Правдико

Правдико

   

Ќе ве казнам ако го навредите судот, му рече судијката на Ставре Џиков, адвокатот на Владо Јовановски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, го опомена адвокатот на Владо Јовановски, Ставре Џиков, дека ќе го казни ако го навредува судот, додека тој го изнесуваше воведниот говор.

„Овие терористи пред нас се препознаени по 6 месеци“, рече Џиков. Адвокатот на актерот Јовановски додаде дека обвинетите се жртви на политички прогон.

„Обвинението не е конструирано во Обвинението за организиран криминал и корупција, туку во други простории“, рече Џиков.

Судијката му рече да го изнесе воведниот говор, а не да говори за работи што не се поврзани со обвинението.

Џиков рече дека ја знае судијката од првиот ден кога влегла во судот, а говореше и за минатиот систем.

„За навреда на судот следува парична казна. Држете се до она што е предмет на обвинението, а не да говорите како било во минатото… Го знате ЗКП. Ова е усна опомена, за по тоа знаете…“, му одговори судијката, по што Џиков рече дека се приклучува на она што претходно го изјавиле неговите колеги.

Во кривичниот суд денеска продолжува изнесувањето на воведните зборови на адвокатите на обвинетите за насилствата од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико