Келн: 10.000 евра за информации за напаѓачите на жени | Правдико

Правдико

   

Келн: 10.000 евра за информации за напаѓачите на жени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство во Келн, наводно излегло со информации за вкупно 739 жртви, претежно жени, од кои 430 се изјасниле дека биле изложени на одреден вид на сексуален напад.

woman

Обвинителството во Келн понуди награда од 10.000 евра за информација која ќе доведе до апсење или идентификување на напаѓачите од новогодишната ноќ.

Портпаролот на обвинителството во Келн, Улрих Бремер, вели дека досега добиле 652 кривични пријави поврзани со Нова Година кога наводната група на пијани луѓе, најчесто се опишани како Арапи или Африканци од север, напаѓале граѓани, главно жени на главната железничка станица и сексуално ги злоставувале или ги ограбувале.

Бремер изјави за новинарите дека најмалку 331 пријава се поврзани со сексуални напади, вклучувајќи и две силувања.
Пријави поднесле 739 жртви, претежно жени, од кои 430 се изјасниле дека биле изложени на одреден тип на сексуален напад.

Препорачуваме

Партнери на Правдико