Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември оваа година во јавните средни училишта, информира Министерството за образование и наука(МОН).
„Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитно-образовниот процес во земјата. Воведувањето нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа меѓу другото значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија“, се вели во соопштението од МОН.
Понатаму се додава дека поради временскиот теснец да се обезбедат овие стандарди и заради избегнување на несакани ситуации во средното образование, Владата донесе одлука да го одложи почетокот на Кембриџ програмата во средните училишта за учебната 2018/2019 година, со што се дава разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.
Извор: Макфакс