Кери и Лавров ќе разговараат за алијанса против Исламска држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне денеска во Куала Лумпур со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој работи на тоа да се поттикне договор меѓу Сирија и земјите од тој регион за основање алијанса за борба против џихадистите на Исламска држава.
Кери и Лавров на маргините на самитот на Асоцијацијата на југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија ќе „разговараат за низа прашања од заеднички интерес“, најави неименуван висок претставник на Стејт департментот, не наведувајќи повеќе детали.
Официјална Москва работи на тоа сириската Влада и земјите во тој регион, вклучувајќи ја Саудиска Арабија, да воспостават алијанса за борба против милитантите на ИД, кои зазедоа поголеми делови од сириската територија за време на граѓанската војна меѓу силите на сириската влада и бунтовниците.
Извор: 24Вести