Кери во посета на Балканот, Македонија не му е на агендата | Правдико

Правдико

   

Кери во посета на Балканот, Македонија не му е на агендата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот државен секретар Џон Кери в понеделник започнува европска турнеја во рамките на која ќе ги посети Србија, Косово и Грција.

john-kerry_2429306b

 

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека в понеделник Кери ќе престојува во Париз за да му се придружи на претседателот Барак Обама на отворањето на самитот за глобалните климатски промени. Потоа тој во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

В среда Кери ќе ја посети Приштина каде што, според соопштението, ќе разговара за билатерални и регионални прашања. На 3 декември тој заминува за Белград на состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, а истиот ден оди на Кипар.

На 4 декември Кери во Атина ќе се сретне со грчките лидери главно за бегалската криза и реформите во Грција.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико