Кери: Заедно ќе ја победиме ИД | Правдико

Правдико

   

Кери: Заедно ќе ја победиме ИД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заедно ќе ја победиме Исламска држава, вети синоќа во Париз американскиот државен секретар Џон Кери и додаде дека САД се солирадни со Франција во борбата против терористичката групација, јави ДПА

17112015095155_20072014182506_кери

– Оваа ноќ сите сме парижани, рече Кери пред новинарите пред американската Амбасада во Париз, чија фасада беше осветлена во боите на француското национално знаме, црвена, бела и сина.

– Никој не треба да се сомнева дека светлината продолжува да грее во Градот на светлината. И мракот никогаш, ама баш никогаш нема да надвладее, нагласи Кери.

Тој членовите на ИД ги нарече „психопатски чудовишта“.

– САД и Франција не се само пријатели, тие се едно семејство. Ќе ја победиме ИД и сите, кои ја споделуваат нејзината идеологија. Заедно ќе се бориме со нив и ќе победиме, додаде тој.

Кери денеска ќе биде домаќин во Амбасадата на САД на средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико