Ќерка го ограбила татка си, му украла накит и пари вредни 10.000 евра | Правдико

Правдико

   

Ќерка го ограбила татка си, му украла накит и пари вредни 10.000 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осумнаесетгодишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена дека од сефот на татка си украла разновиден златен накит и повеќе 10.000 евра.

Според информациите на МВР, вчера Н.С. (45) од село Туденце пријавил дека во периодот од 27 декември лани до 21 февруари пријавил дека непознат сторител извршил кражба во неговата куќа, на непознат начин и без оштетувања. Сторителот, според пријавата, влегол во спалната соба и од сеф со шифра одзел повеќе парчиња разновиден златен накит и 3.000 евра во разни апоени вредни над 600.000 илјади денари.

Набргу по пријавувањето, велат од МВР, кражбата била расчистена, а осомничена е 18-годишната ќерка на пријавителот Н.С.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико