Кежаровски на условен отпуст до истекот на издржувањето на казната
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал во текот на вчерашниот ден на јавна седница одлучуваше по предлогот на директорот на КПУ Затвор Скопје – Скопје за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски. Одлучувајќи по предлогот, Кривичниот совет при овој Суд донесе решение со кое го уважи предлогот на директорот за условен отпуст. Со решението, осудениот се отпушта на ден 18.02.2015 година, од понатамошно издржување на казна затвор, изречена со пресуда од Основен суд Скопје 1, а времето на условниот отпуст трае до 27.06.2015 година, односно до истекот на издржувањето на казната на осуденото лице.
Оваа одлука Судот ја донесе согласно член 200, 201, 202 и 203 од Законот за извршувањето на санкции како и член 36 од Кривичниот законик, бидејќи осудениот веќе издржал повеќе од половината од казната затвор, а притоа водејќи сметка за неиздржаниот дел од изречената казна, дека за времето на издржувањето на казната, а особено во период додека тој бил во притвор во истата оваа установа, покажал беспрекорно и примерно поведение, како и влошената здравствена состојба на осудениот заради која со решение на Управата за издржување на санкции му е одреден прекин на издржувањето на казната затвор во траење од 30 дена.
–ПРАВДИКО–