Ки-мун ќе оди во Москва за Денот на победата, но ќе ја посети и Украина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ќе патува во Москва за да присуствува на прославата за 9 мај, Денот на победата над фашизмот, но во текот на турнејата ќе ја посети и Украина.
Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, рече дека планот на Ки-мун за посета на Москва уште не е целосно готов.
Тој ќе присуствува на одбележување на 70-годишнината на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Сверна Кореја во Москва ќе го испрати шефот на Врховното народно собранието, Ким Јонг Нам. Со оваа информација се стави крај на шпекулациите дали врховниот лидер Ким Јонг Ун своето меѓународно деби ќе го има во рускиот главен град.
Ки-мун, кој по потекло е Јужнокореец, ќе ја посети и Украина, каде ќе се сретне со претседателот Петро Порошенко.
Извор: Мета.мк