Кичевец и прилепчанец украле железарија од фирма во Кичево | Правдико

Правдико

   

Кичевец и прилепчанец украле железарија од фирма во Кичево

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(44) од Кичево и П.П.(55) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „Кражба“.

Пријавените казненото дело го извршиле на 16 март, кога во фирма од Кичево, влегле со товарно возило и од магацинот одзеле претходно складирани метални предмети сопственост на компанијата. Откако ги натовариле предметите незабележано го напуштиле местото и украдените предмети ги продале во отпад за старо железо во Кичево.

На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 180 000 денари, за колку ја оштетиле компанија чија сопственост биле овие предмети.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико