Киднапирана 18-годишна девојка од дваесет години постар тетовец | Правдико

Правдико

   

Киднапирана 18-годишна девојка од дваесет години постар тетовец

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осумнаесетгодишна девојка од Тетово вчера е киднапирана од страна на 38-годишен тетовец кој ја грабнал од нејзиниот дом, а нејзината мајка физички ја нападнал.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот во полиција е пријавен од страна на мајката Ф.С. според која 38-годишниот Д.К. околу 19 часот дошол во нивниот дом и насила ја грабнал ќерка и. Кога мајката се обидела да му се спротистави, тој ја удрил двапати по главата и насила ја внел ќерката Е.С. во возилото и ја однел кај него дома.

По преземените мерки, Д.К. и Е.С. се пронајдени и однесени во СВР Тетово.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико