Kиднапирана 18-годишна ресенка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Осумнаесетгодишната ресенка Р.К. била грабната од 20-годишниот У.В. од село Поум, Струшко, тврди татко ѝ, 49-годишниот Е.К., кој го пријавил случајот во Полициската станица Ресен.
Како што се наведува во полицискиот билтен, таткото на девојката рекол дека У.В. дошол со својот татко и со уште неколку лица со автомобили „фолксваген голф“, управуван од 20-годишниот Џ.Ф. од село Биџево, и „фолксваген голф 3“, во домот на девојката, насилно ја зеле и заминале во непознат правец.
Во врска со настанот во Полициската станица Ресен бил приведен Џ.Ф., кој изјавил дека не знае каде се наоѓаат горенаведените лица. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката и на целосно расчистување на кривичното дело.
Извор: Макфакс