Киднапирано и силувано 16-годишно девојче!? | Правдико

Правдико

   

Киднапирано и силувано 16-годишно девојче!?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во полициската станица во Гостивар е пријавен случај на киднапирање на 16-годишно девојче.

Настанот се случил вчера, околу 20.40 часот, кога од МЦ Гостивар се јавиле во ПС Гостивар и пријавиле дека кај нив за преглед се јавило 16-годишно девојче од гостиварско село и им кажале дека била противправно лишена од слобода.

Имено, по извршениот разговор во присуство на работник од Центарот за социјални работи, девојчето изјавило дека истиот ден, околу 17.00 часот, на враќање од продавница, во близина на нејзината куќа, застанало ПМВ во кое имало три непознати лица, од кои еден на сила ја внел во возилото.

По кажување на истата, со возилото се возеле околу 20 минути во непознат правец, по што влегле во напуштена хала, од каде околу 19.00 часот ја вратиле дома.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико