Киев го повика Јанукович да се врати и да ја докаже својата невиност | Правдико

Правдико

   

Киев го повика Јанукович да се врати и да ја докаже својата невиност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Администрација на украинскиот претседател Петро Порошенко го покани Виктор Јанукович да се врати во Киев и да ја докаже невиноста пред судот.

janukovic1

Повикот беше упатен откако поранешниот украински лидер изјави дека никогаш не му наредил на безбедносните сили да отворат оган врз демонстрантите на плоштадот Мајдан во Киев, пренесува Танјуг.

Во интервју за Би-Би-Си, Јанукович изјави дека прифаќа дел од одговорноста за убиствата на демонстрантите на плоштадот Мајдан, за време на протестите кои доведоа до негово соборувањето од власт во февруари 2014 година, но тој никогаш не им наредил на безбедносните сили да отворат оган.

“Ако Јанукович смета дека е невин, тој може да се врати во Украина и тоа да го докаже на суд”, објави службата на украинскиот претседател на Твитер, пренесува Спутник.

Повеќе од 100 демонстранти загинаа во судирите со полицијата на централниот плоштад во Киев, која траеше неколку месеци.

“Јас не дадов никакви наредби (за употреба на огнено оружје), тоа не е моја надлежност … Бев против било каква употреба на сила, да не се употребува огнено оружје, и против крвопролевањето”, изјави Јанукович.

Јанукович, кој побара засолниште во Русија, изјави дека граѓанската војна која следеше била “ноќна мора”, кој стана реалност, а анексија на Крим кон Русија ја нарече трагедија.

Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин му го спасил животот, откако тој наредил на специјални сили да го доведат во Русија во текот на ноќта на 23 февруари 2014 година и дека тоа било одлука на Путин и дека тој за тоа не бил консултиран .

Партнери на Правдико