Киев ќе бара процес пред Хашкиот трибунал | Правдико

Правдико

   

Киев ќе бара процес пред Хашкиот трибунал

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана побара од Владата да го иницира процесот пред Хашкиот трибунал за злосторства против човештвото во 2014 и 2015 година.

Ukraine

Советот, исто така, бара да се поведе постапка за самопрогласената Народна Република Доњецк и Луханк во источниот дел на Украина да се прогласат како “терористички организации”.

Во меѓувреме, откако започна конфликтот во југоисточниот дел на земјата, меѓународните набљудувачи регистрирале бројни прекршувања на човековите права од страна на украинската армија.

Организацијата Human Rights Watch ги обвини украински војници за употреба на забранети касетни бомби врз цивили, како и гранатирање на населените места, потсетува агенцијата.

Колку за потсетување, и по неколку рунди на преговори, ситуацијата во источниот дел на Украина не се подобрува. Вчера беше извршен напад врз Мариупол, стратешки важен пристанишен град, во кој загинаа околу 30 лица, а беа повредени повеќе од 90. Киев за нападот ги обвинува про-руските сепаратисти.

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Александар Закхарченко, рече дека бунтовниците не го нападнале градот Мариупол, туку украинската армија „која се собира во овој град.”

Русија вчера ја блокираше декларација на ОН со која се осудува гранатирањето на градот Мариупол во југоисточниот дел на Украина.

Извор: Б92

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико