Кина ја блокираше интернет-страницата на Би-Би-Си на англиски јазик | Правдико

Правдико

   

Кина ја блокираше интернет-страницата на Би-Би-Си на англиски јазик

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За британскиот меѓународен медиум тоа е ограничување на слободниот пристап до вести и информации.

38EECE20-CFD0-4ABC-8A59-C6507245B654_w640_r1_s_cx2_cy2_cw95

Би-Би-Си соопшти дека интернет-страницата на англиски јазик не е повеќе достапна во Кина, потег што од британскиот меѓународен медиум беше окарактеризиран како акт на „намерна цензура“.

Во соопштение во средата, директорот на светскиот сервис на Би-Би-Си Питер Хорокс, силно го осуди, како што го нарече обидот на „ограничување на слободниот пристап до вести и информации“.

Хорокс изјави дека Би-Би-Си протестирале кај кинеските власти, кои што вообичаено ги блокираат вестите и информациите од странските организации, вклучувајќи го и Гласот на Америка.

Запрашан за блокирањето на интернет-страницата на Би-Би-Си, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи рече дека тоа е согласно на кинеските закони.

„Кинеските граѓани имаат целосна слобода на интернет. Но, во истовреме, кинеската влада го менаџира интернетот согласно законот“, рече Леи.

Кина со години ја блокира интернет-страницата на Би-Би-Си на кинески јазик, но до вчера англиската страница во најголем дел беше достапна за јавноста.

Би-Би-Си не кажа дали верува дека проширувањето на цензурата е резултат на некој конкретниот аспект од нивното известување за продемократските протести и настаните во Хонг Конг.

Државниот медиуми во Кина ги портретираа настаните во полуавтономната кинеска територија како илегални и дестабилизирачки.

Извор: Глас на Америка

Препорачуваме

Партнери на Правдико