Кина ќе го промени Уставот за Џинпинг да остане на власт и по 2022?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Политбирото на Комунистичката партија на Кина наредниот месец ќе разговара по предлогот за промена на Уставот на земјата, што би била прва по 2004 година.
Според информациите кои ги пренесоа светските медиуми, одлуката била донесена на денешниот состанок што го водел кинескиот претседател, Си Џинпинг, но не се прецизира за какви промени во Уставот, кој е усвоен во 1982 година и оттогаш променет пет пати, овој пат станува збор.
Со оглед на тоа што при претставувањето на новото партиско раководство во октомври годинава Џинпинг не прецизираше кој би можел да биде негов наследник, во медиумите со појавија шпекулации дека кинескиот претседател, најверојатно, сака да остане на функцијата и по 2022 година.
Инаку, според сегашниот Устав, шефот на кинеската држава може да служи само два мандата од по пет години, додека во случајот со другите две функции кои во моментов ги извршува Џинпинг – лидер на партијата и командантот на армијата, не постојат ограничувања.
Извор: Макфакс