Кина усвои закон за казнување компании поради box office измами
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кина се обидува да се справи со измами поврзани со филмски благајни (box office) во вториот по големина светски филмски пазар со воведување казни за компаниите кои фабрикуваат податоци за приходи од благајните и други податоци, објави агенцијата Associated Press.
Според законот усвоен од страна на кинескиот законодавен дом во понеделникот, на филмските дистрибутери и кина кои фалсификуваат податоци за продажба на билети ќе им бидат конфискувани нелегалните приходи а, исто така, ќе мора да платат казни до 500.000 јуани (74.000 американски долари).
Таквите дистрибутери и кина може да добијат наредба да прекинат со прикажување на филмот и со целиот процес, дури и да им се одземе лиценцата.
Кината и дистрибутерите во Кина беа обвинувани во минатото за фалсификување на приходите од благајните, обично со купување билети или мешање на приходите на еден филм со оние на друг.
Таквите активности може да го зајакнат профитот на филмот, што е доволно да привлече поголема публика, а ова претставува нелојална конкуренција, пренесува агенцијата AP.
Извор: Макфакс