Кина во дилема: Поддршка или дистанца од Путин? | Правдико

Правдико

   

Кина во дилема: Поддршка или дистанца од Путин?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

chinaПекинг не сака да се откаже од добрите односи со Русија, но и од својата политика на немешање, за што е потребна голема политичка вештина. Кина може да профитира од санкции против Москва, но по која цена?

Главното правило на кинеската надворешна политика со децении гласи: никакво мешање во внатрешните работи на други држави. Тоа значи: Кина се држи понастрана од конфликти, но истото го очекува и од другите земји, на пример Русија. Во случајот со Украина ова правило станува проблем, зашто е спротивно на централниот политички интерес на Кина: одржување на добрите односи со Русија.

Кина и Русија како стратешки партнери

„Кинеско-руските односи моментно се наоѓаат во најдобрата фаза во билатералната историја“, истакна кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на прес-конференција на маргините на Народниот конгрес во март. Меѓу Москва и Пекинг владее меѓусебна доверба и поддршка, а двајцата претседатели ги поврзува длабоко пријателство. На Кина и‘ е потребна Русија, како сојузник против Западот.

И во врска со кримската криза во Кина постојат гласови кои во Западот сакаат да гледаат агресор: „Западот, предводен од САД, не сака мир во светот и се меша насекаде, што предизвикува нереди“, изјави на пример експертот за источна Европа на Народниот универзитет во Пекинг, Чен Синминг за германската телевизија.

Свен Гарајс, политиколог од Универзиттеот Минстер

„Кина и Русија си требаат една на друга стратешки, за да парираат на западната доминација“.

Чувството на опкруженост од Западот, првенствено од САД, во надворешната политика на Пекинг има големо значење, мисли и експертот за Кина, Свен Гарајс, политиколог од Универзитетот Минстер:

„Во Русија се гледа важен партнер на кого може да се потпре и чија поддршка се очекува, а овој партнер нормално не може јавно да се остави на цедило“, вели тој во интервју за Дојче веле.

China-and-Russia-flags-e1317926681817Кина се дистанцира од Путин?

Но, Кина не сака да се откаже од својот основен принцип на немешање. Никакво чудо што Кина нерадо се изјаснува за прашањето на законитоста на референдумот во Крим. Заменикот министер за надворешни работи Ли Баодонг на прес-конференција во Пекинг двапати одбегна да одговори на прашањето дали Кина го признава легитимитетот на референдумот и неговиот резултат:

„Се надеваме дека сите страни ќе задржат ладна глава и ќе побараат политичко решение“. Освен дека треба да се избегне натамошна ескалација, на Ли Баодонг не можеше да му се извлече повеќе и по повтореното прашање.

Тибет бара автономија-кошмарно сценарио за Пекинг

Поддршката на Пекинг кон стратешкиот пријател во Москва стигна до својата граница и во Советот за безбедност на ОН. Кога во Њујорк се гласаше за резолуција за Украина и Русија вложи вето, Кина беше воздржана. Западни дипломати дискретно коментираа дека ова е „шлаканица“ за Русија, зашто Кина вообичаено се приклучува кон изјаснувањето на Москва. Луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн, кој е актуелен претседавач со Советот за безбедност, нагласено пофали што Кина одбива секаков едностран чекор кон промена на државни граници и поддржува формирање меѓународна посредничка група.

Овој пример пластично покажува во каква незгодна ситуација се наоѓа Кина, вели експертот за Кина, Свен Гарајс. Од еднастрана Кина не сакаше да и‘ даде на Русија неограничена дозвола за Крим, од другастрана не сакаше да ја поддржи резолуцијата на Западот.

Кинеските проблеми со сопствените малцинства

Пекинг има и свои важни внатрешно политички причини за воздржувањето од преофанзивна одбрана на Путиновите анектирачки планови: „Кина не може да го поддржи референдумот, зашто ние имаме и свои проблеми“, истакнува експертот за источна Европа Чен Џинминг од Пекинг. А тие проблеми се Тибет, Џинјанг, Хонгконг и Тајван: ако Кина го прифати референдумот на Крим, зошто истите правила не би важеле и во регионите на нејзина територија, кои исто така стремат кон независност?

Кинеската економија може да профитира

„Така погледнато, тоа за Кина е кошмарно сценарио, некој отстрана со воен притисок да издејствува референдум и да доведе до отцепувањена дел од државата“, смета Свен Гарајс.

Додека Пекинг на политичка сцена се бори со противречностите, евентуалните економски санкции на Западот против Русија на Кина би и‘ биле од корист.

„Русија би се оддалечувала од Европа, а добитник би била Кина“, вели претседателот на источниот одбор на германското стопанство, Екард Кордес, за магазинит „Фокус“.

Кина, моментно најголемиот корисник на руската нафта, може да стане добитник во украинската криза.

„Но, не верувам дека Кина ќе се раководи од краткорочните интереси да извлече профит“, смета политикологот Свен Гарајс. Пекинг можеби повеќе ќе води сметка за долгорочната стабилност во регионот. А кинеската економија е зависна од добрите врски со западните влади. На крајот на март кинескиот претседател Си Џинпинг ќе биде гостин на повеќе западноевропски влади, можеби тогаш ќе се изјасни поконкретно во врска со украинскиот конфликт.

Извор: DW

Партнери на Правдико