Правдико

   

Кинески државен службеник рани двајца функционери, па се самоуби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државен службеник вооружен со пиштол денеска упаднал во сала во која се одржувал состанок на локалните градски и партиски лидери на југозападниот кинески град Панџихуа и почнал да стрела кон присутните.

04012017124445_web_kina1

Како што јави Хсинхуа, при нападот се ранети градоначалникот на Панџихуа, Ли Џијанчин и лидерот на Градскиот комитет на Комунистичката партија на Кина, Чанг Јан.

Веднаш по инцидентот, напаѓачот, кој работел како секретар на градската управа, побегнал во непознат правец.

Меѓутоа набрзо, безживотното тело на 54-годишниот секретар Чен Џунгшу било пронајдено на друг кат во истата зграда во која го извршил нападот. Врз основа на прострелната рана, полицијата претпоставува дека тој извршил самоубиство.

Ранетите функционери се пренесени в болница и според кинеските медиуми, тие се вон животна опасност.

Причините за нападот засега не се познати.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико