Правдико

   

Кирил Божиновски ги плаќал Дурловски, Илиевски и Јовановски за да го потпалуваат народот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешното рочиште за судењето за крвавиот четврток, обвинителката Вилма Рускоска, давајќи го завршниот збор за обвинетиот Игор Дурловски, рече дека според исказите на сведоците дадени во постапката, тој заедно со Богдан Илиевски и Владо Јовановски бил исплаќан од Кирил Божиновски да ги организираат и водат протестите „За заедничка Македонија“.

Според обвинителката, Дурловски тоа не го правел од идеолошки, туку од материјални побуди.

„Смело е што се коцкаше со судбината, но криминално е да се коцкаш со иднината на државата“, рече Рускоска и потсети дека на Дурловски му се заканува казна затвор од најмалку 10 години.

Во предметот им се судеше на 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и двајца како помагачи. Од нив, 15 беа амнестирани, а им се суди на 18.

Обвинителката Ивана Трајчева рече дека на 27 април 2017 година, обвинетите за време на одржувањето на конститутивната седница во Собранието, со намера да го загрозат уставниот поредок на државата, предизвикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратениците, новинарите и другите присутни во законодавниот дом.

Обвинети останаа: ексдиректорот на БЈБ – Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдулфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски – Ќосето, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико