КИРМ за објавувањето на ЕМБГ во дневните весници: Проблемот е во колизијата на одредби | Правдико

Правдико

   

КИРМ за објавувањето на ЕМБГ во дневните весници: Проблемот е во колизијата на одредби

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Интегрално Ви го пренесуваме соопштението на Комората на извршители на РМ:

kirm (1)

„Официјалниот став на Комората е дека Законот за заштита на лични податоци мора да се почитува. Напоменуваме дека членовите на Комората на извршители ја имаат посетувано обуката во Дирекцијата за  заштита на лични податоци и истите имаат назначено офицер и ги имаат донесено сите потребни акти во своите канцеларии. Комората на извршители била секогаш отворена за соработка со Дирекцијата за  заштита на лични податоци и го цени нивниот став и мислење.

Проблемот со јавната објава за достава се јавува бидејќи извршителот ја врши во согласност со чл.10 од Законот за извршување го применува супсидијарно Законот за парнична постапка каде согласно чл. 98 е предвидено писмената мораат да го содржат сето она што е потребно за да може да се постапи по нив, а особено треба да содржат меѓу останатото единствен матичен број на граѓанинот и даночниот број. Извршителот ја врши доставата согласно Законот за парнична постапка и Законот за извршување, па од овие причини ЕМБГ се појавува во јавната објава со цел уредна достава до граѓаните по чл. 46-б од Законот за извршување.

Од друга страна, имајќи предвид дека во нашата држава се појавуваат голем број на граѓани со идентични имиња и презимиња, без единствениот матичен број на граѓанинот, нема да може лицето кое го повикуваме да се препознае и да дојде во канцеларијата на извршителот.

Укажуваме дека извршителот како правно лице се јавува како контролор на збирка на лични податоци врз основа на член 2 ст.5 од Законот за лични податоци в.в со член 6 од Законот за лични податоци обработката може да се врши и без согласност од субјектот на лични податоци кога обработката е потребна заради извршување на работи од јавен интерес или службено овластување на Контролорот. Согласно член 9 од Законот за заштита на личните податоци, предвидена е можност матичниот број на граѓаниот да може да се обработува при вршење на работи кои се однесуваат на добивање на кредит, наплата на долг …. Извршителите ги обработуваат личните податоци наведувајќи ги во актите  кои се изготвуваат врз основа на обрасци по форма утврдена од страна на министерот за правда, а согласно со прописите за заштита на личните податоци. Извршителот како лице со јавни овластувања има право да врши легитимирање на странките и учесниците со увид во документите за лична идентификација.

Комората на извршители на РМ го има лоцирано овој проблем и оваа колизија на одредби и навремено има дадено свој предлог за уредување на оваа одредба, кој е веќе доставен и разгледуван од страна на Работната група во Министерството за правда која работи на измените за измена и дополнување на Законот за извршување“.

Извор: Комора на извршители на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико