Класификација на осудените лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.При определувањето на поимот класификација на осудените лица од особено значење е дефиницијата која во 1950 година беше усвоена на меѓународниот конгрес одржан во Хаг, од страна на Здружението за кривично право и казнени установи. Според истата, класификацијата на осудените лица претставува ,,групирање на различни класи осудени лица во специјализирани институции врз основа на староста, полот, рецидивизмот, душевната состојба и други својства и натамошна поделба на групи внатре во секој завод” .
Ваквата определба на класификацијата е широко прифатена низ Европа, но не и во Америка. Во тамошниот пенитенцијарен систем поимот класификација на осудените лица има пошироко значење и истиот опфаќа проучување на личноста на осуденикот, поставување на дијагноза и определување на соодветен третман.
Aвтор: М-р Наташа Стојчевска
Прочитај ја целата статија ТУКА