Правдико

   

Клинтон го „истурка“ Сандерс, а републиканецот Рубио се повлече од трката

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сенаторот од Флорида, Марко Рубио, синоќа се повлече од трката за номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија за престојните избори во ноември, откако беше поразен на предизборите што се одржаа во десетина сојузни американски држави. Во трката на републиканците остануваат Доналд Трамп, Тед Круз и Џон Кејсик.

sad-izbori

Одлуката за повлекувањето, Рубио ја соопшти откако Доналд Трамп го порази и во неговата сојузна држава, Флорида.
Трамп победи во Флорида, Северна Каролина и во Илиноис, но загуби во Охајо од Кејсик. Сепак, номинацијата за републикански претседателски кандидат и понатаму останува неизвесна, имајќи предвид дека сенаторот од Тексас, Тед Круз, и понатаму добро котира на предизборите и е миленик на конзервативното движење „Ти парти“.

Во трката на Демократската партија, Хилари Клинтон успеа да го „истурка“ својот противник Берни Сандерс.

Поранешната државна секретарка победи во Флорида, Охајо, Северна Каролина и во Илиноис, со што оствари непремостлива предност пред ривалот, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Со последната победа Клинтон го анулираше минатонеделниот тежок пораз во Мичиген.

– Уште еден „супер вторник“ за нашата кампања. Се приближуваме кон тоа да ја добиеме номинацијата на Демократската партија и да победиме на изборите во ноември – рече Клинтон.

Извор: Мета

Партнери на Правдико