Клубовите да водат Регистар на членови на навивачката група – Предлог измени на Законот за спортот | Правдико

Правдико

   

Клубовите да водат Регистар на членови на навивачката група – Предлог измени на Законот за спортот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

2-1Министерството за внатрешни работи во соработка со Агеницјата за млади и спорт изготви Информација со Анализа и предлог заклучоци во однос на спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и истата ја достави до Владата на Република Македонија.

Во Информацијата е направена детална компаративна анализа на законодавните решенија и нивната практична примена во други државни со кои се оттргнуваат насилните навивачи од спортските терени, се намалува спортското насилство, се регистрираат навивачите како и анализа на други мерки и активности со кои се воспоставува поголем ред и контрола при спортските натпревари.

Со анализата се опфатени законодавсвата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Италија и Хрватска, а во насока на воочување на механизмите кои се применуваат во овие земји се со цел намалување на насилството на спортските терени.

Владата на Република Македонија на Сто шеесетата седница ја разгледа и усвои Информацијата од што произлезе и заклучок со кој се задолжува Министерството за правда и Агенцијата за млади и спорт да изготват Предлог закон за дополнување на Законот за спортот во насока на пропишување на обврска за регистрирање на навивачките групи и воспоставување на евиденција од страна на спортските клубови на своите навивачи.

Целта на Законот чие донесување се предлага е во насока на воведување на обврска на спортските клубови да водат Регистар на членови на навивачка група. Ваквата обврска е со цел да се спречи растечкото насилството на спортските терени преку подобрена евиденција на лицата членови на навивачката група од страна на клубовите за кои навиваат.

Целиот Предлог Закон можете да го превземите ТУКА

Партнери на Правдико