Клучни принципи на демократското полициско работење | Правдико

Правдико

   

Клучни принципи на демократското полициско работење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

makedonska-policijaI. Цели на демократското полициско работење
Полицијата е највидливата манифестација на владините органи. Нејзините главни задачи се:
• одржување на јавниот мир, закон и ред;
• заштита и почитување на фундаменталните права и слободи на поединецот;
• спречување и борба против криминалот; и
• пружање помош и услуги на граѓаните.

Полициските службеници ќе ја зголемат легитимноста на државата доколку во нивната секојдневна работа покажат дека:
• одговараат на потребите и очекувањата на граѓаните;
• го користат државниот авторитет во интерес на народот.

II. Поддржување на владеењето на правото
При исполнувањето на овие цели, полицијата мора:
• да работи во согласност со домашниот закон и меѓународните стандарди за спроведување на правото прифатени од државите членки на ОБСЕ; и
• да покаже во пракса посветеност на владеењето на правото.

Законодавството и пишаните начела кои ја контролираат полицијата треба да бидат:
• јасни,
• прецизни, и исто така
• достапни до јавноста.

III. Полициска етика и човекови права

За да ја стекне довербата на јавноста, полицијата мора да се држи до кодексот на професионално однесување и да покаже:
• професионализам; и
• интегритет.
Овој кодекс треба да ги одразува највисоките етички вредности, изразени како:
• забрани; и
• императиви на полициската работа.
Полицијата има посебни овластувања:
• привремено да ги лиши лицата од слобода;
• да го ограничи целосното уживање на нивните права; и,
• во екстремни околности, дури и да употреби смртоносна сила.
Поради тоа, полициските служебници мора да ги вршат нивните задачи во согласност со:
• универзално прифатените стандарди за човекови права; и
• граѓанските и политичките права.
Заштитата и зачувувањето на животот мора да бидат нивен највисок приоритет.

IV. Полициска отчетност и транспарентност

Демократското полициско работење бара од полицијата да биде, и да се смета себе си, одговорна пред:
• граѓаните;
• нивните претставници;
• државата; и
• законот.

Поради тоа, нивните активности – кои се состојат од

• однесувањето на поединечни полициски службеници
• стратегии за полициски операции
• назначување на процедури или
• управување со буџет – мора да бидат отворени за надзор од повеќе надзорни институции.
Понатаму, главна карактеристика на демократското полициско работење е разбирањето дека е потребна согласност од народот. Предуслови за придобивање
на јавната поддршка се:
• обезбедување транспарентност во полициските операции; и
• негување на комуникацијата и меѓусебното разбирање со граѓаните на кои полицијата им служи и ги заштитува.

V. Полициска организација и раководење

Државите се обврзани да создадат структурна и раководна средина што ќе и овозможи на полицијата ефективно и ефикасно да ги спроведува одредбите од
владеењето на правото, домашниот и меѓународниот закон и прифатените стандарди за човекови права.
Тука спаѓаат прашања како:
• командна структура (хиерархиска поставеност);
• регулативи за надзор;
• состав на полицијата;
• права на полицискиот кадар; и
• обезбедување на адекватни ресурси и обука.

Извор:
Стратешки полициски работи
Канцеларија на генералниот секретар
Секретаријат на ОБСЕ

Препорачуваме

Партнери на Правдико