Клучни точки во извештајот на ЕК за Македонија за 2016 година | Правдико

Правдико

   

Клучни точки во извештајот на ЕК за Македонија за 2016 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија денеска го објави извештајот за 2016 година, со условената препорака за Македонија. Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст од соопштението во кое се наведени клучните точки од извештајот.

09112016141624_web_izvestaj

Политички критериуми

Земјата се соочи со продолжение на најголемата политичка криза по 2001 година. Демократијата и владеењето на правото постојано се сочуваа со предизвици, особено поради тоа што државната контрола влијаеше врз функционирањето на демократските институции и на клучните сфери во општеството. Земјата страда од култура на политичка поделеност и недостиг на капацитети за компромис. На 20 јули и на 31 август лидерите на четирите главни политички партии постигнаа договор за имплементација на Пржинскиот договор, кој вклучува одредување на 11 декември 2016 година како датум за одржување на предвремени парламентарни избори, како и поддршка за работата на специјалната јавна обвинителка. Тие ја потврдија својата посветеност за имплементација на Итните реформски приоритети.

Меѓуетничката ситуација останува фрагилна. Прегледот на Охридскиот рамковен договор, со кој заврши конфликтот во 2001 година и кој обезбедува рамка за меѓуетничките односи, сѐ уште треба да се инплементира на транспарентен и на инклузивен начин.

Граѓанското општество игра важна улога во поддршката на демократските процеси и обезбедува кочници и рамнотежа. Истовремено, организациите на граѓанското општество продолжуваат да ја изразуваат својата загриженост за влошување на климата во која дејствуваат и за ограничената посветеност на владата за дијалог, како и за јавните напади од политичари и од провладините медиуми.

Земјата е делумно подготвена за реформи на јавната администрација. Во изминатава година постои одреден прогрес, иако ограничен. Имплементацијата на новата законска рамка за менаџмент на човечки ресурси е почната. Во секој случај, постои недоволен прогрес во имплементацијата на претходните препораки на Комисијата. Наместо да бидат прекинати, привремените договори на дело продолжуваат да се трансформираат во договори на неопределено време, без отворена конкуренција.

Неефикасната одговорност, употребата на јавниот сектор како политички инструмент, обвинувањата и притисоците што се вршат врз вработените во јавниот сектор и претпоставената политизација на администрацијата во изборна година, сѐ уште се причина за загриженост.

Деталната стратегија за реформи на јавната администрација во периодот 2017-2022 година задоцнето се подготвува. Дополнително, недостигот од политичка волја да се спроведат реформите во јавниот финансиски менаџмент доведе до значајна редукција на финансиската помош од ЕУ во 2016 година.

Судскиот систем на земјата покажува извесно ниво на подготвеност. Но ситуацијата оди назад од 2014 година и постигнувањата од реформските процеси од претходната декада се минирани од политичко влијание врз работата на судството.

Авторитетите не успеаја да ја демонстрираат неопходната политичка волја за ефективно да им пристапат на клучните теми означени како „Итни реформски приоритети“. Опструкциите со кои се соочува новоформираното Специјално јавно обвинителство покажуваат дека треба да се нагласи недостигот од независност на судството и да се спречи селективно спроведување на правдата.

Што се однесува на борбата против корупцијата, земјата покажува одредено ниво на подготвеност. Корупцијата останува доминантна во многу сфери и продолжува да биде сериозен проблем. Се развија легислативата и институционалната рамка. Но структурните слабости на Државната комисија за спречување на корупција и политичкото влијание во нејзината работа ги минимизираа претходните напори. Сѐ уште има потреба да се постигнат убедливи резултати, особено во решавање на корупциските случаи на високо ниво.

Во борбата против организираниот криминал, земјата постигна одредено ниво на подготвеност. Правната рамка во голема мера е усогласена со европските стандарди и креирани се стратегии. Но капацитетот за спроведување на законите за истражување на финансискиот криминал и за конфискација на имоти треба уште да се развива.

Во однос на заштитата на човековите права, законодавната и институционалната рамка во голема мера е во согласност со европските стандарди. Потребни се дополнителни напори да се спроведат во пракса за почитување на човековите права на ранливите групи, меѓу кои спаѓаат бегалците и мигрантите. Исто така, има постојан недостиг од политичка волја и соодветни ресурси за да се овозможи потребниот надзор и регулаторни тела за независно и ефикасно да ги исполнат нивните мандати.

Најмаргинализираните кагетории на населението сѐ уште немаат добиено целосна заштита. Во сферата на слободното изразување, државата има остварено одредено ниво на подготовки. Сепак, слободното изразување и состојбата во медиумите остануваат да бидат сериозен предизвик во актуелната политичка клима.

Во однос на регионалната соработка, државата генерално продолжува да ги одржува добрите односи со другите држави вклучени во проширувањето и активно учествуваше во регионалните иницијативи. Беа преземени чекори за подобрување на добрососедските односи, вклучувајќи преку неодамнешниот напредок во спроведувањето на мерките за градење доверба со Грција.

Проблемот со името треба да се реши во најскоро време. Државата и натаму страда поради мигрантската криза. Ова предизвика значителен товар врз нејзиниот азилантски и миграциски систем. Државата продолжи да соработува со соседните држави и земји-членки и направи напори за да обезбеди сместување и хуманитарна помош, со поддршка на ЕУ, но и поддршка од други држави. Државата треба да ги зачува напорите за обезбедување на ефикасна проверка на бегалците и на мигрантите и да ги реши релевантните потреби за заштита. Државата, исто така, треба да ги зачува напорите за да го намали бројот на неосновани барања за азил поднесени од страна на нејзините државјани во земјите-членки на ЕУ.
Економски критериуми

Македонија има добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Не е остварен напредок кон функционална пазарна економија во периодот за кој е направен извештајот. Макроекономската стабилност е зачувана и макроекономското опкружување е дополнително зајакнато во 2015 година.

Ова е поддржано од значителното трошење во јавната инфраструктура и директните странски инвестиции, и покрај тоа што беа забележани слабости во првиот квартал годинава.

Невработеноста опадна, и покрај тоа што останува висока, особено меѓу младите. Остануваат одредени недостатоци, меѓу кои се ниската конкурентност на домашниот приватен сектор, кој е попречен од слабото спроведување на договорите, големата неформална економија и тешкиот пристап до финансисиите. Раководењето на јавните финансии не се подобри и јавниот долг дополнително се зголеми.

Економијата има скромно ниво на подготвеност за да се справи со компетитивниот притисок и пазарните сили во Унијата. Направен е одреден напредок во побрзата иновација и на полето на странските инвестиции, како и во дигитализацијата која напредува брзо. Економијата е со слаба разновидност и производната индустрија создава главно производи од ниска вредност. Економијата продолжи да страда од недостатоци во наставната програма, ниските стапки на иновација и инвестициските потреби, вклучувајќи ги оние во јавната инфраструктура, која ја прави економијата помалку компетитивна.
ЕУ легислатива

Кога станува збор за способноста за преземање на обврските на членството, државата е скромно подготвена во повеќе области, вклучувајќи ги областите на компетитивност, транспорт и енергетика. Потребни се дополнителни напори, особено во неколкуте области во кои државата е во рано ниво на подготовка, како што е слободата на движењето на работниците. Потребно е посветување на поголемо внимание на административниот капацитет и на ефективната имплементација.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико