Коалицијата за чист воздух ќе ја тужи државата ако не ги испочитува нивните барања | Правдико

Правдико

   

Коалицијата за чист воздух ќе ја тужи државата ако не ги испочитува нивните барања

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓанската иницијатива за чист воздух „О2 Kоалиција“ заедно со граѓански здруженија и иницијативи, активисти од цела Македонија доставија барање до премиерот Зоран Заев за редистрибуција на буџетските средства кон зголемена заштита на животната средина, намалување на загадувањето и запирање на рудниците, со обезбедување средства не помалку од 2.5 проценти за Заштита на животната средина од вкупните расходи за 2018 година.

Причина за ваквите барања е предложениот буџет за 2018 во кој, според организациите, не се издвоени доволно средства за решавање на проблемот со загаденоста и деградацијата на животната средина.

Од коалицијата велат дека предвидениот буџет не ја отсликува сериозноста на ситуацијата и покажува недоволна посветеност на Владата на Република Македонија кон решавањето на овој, како што велат, алармирачки проблем.

„Сегашната состојба го отсликува континуитетот на кршење на правата на детето и човекот, заштитени преку ратификуваните конвенции, декларации, резолуции на ОН и Уставот на РМ. Сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа Македонија во поглед на загаденоста и деградацијата на животната средина, количината на проблеми насобрани поради нивното децениско игнорирање бара максимална посветеност и вклученост за ерадикација на изворот на проблемот и санирање на последиците“, рече Татијана Чакулев од Коалицијата за чист воздух.

Оттаму најавија дека доколку Заев не ги испочитува нивните барања, ќе ги преземат сите правни чекори кои им се на располагање за покренување постапки против Република Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Уставот, човековите и правата на детето и ќе достават тужба во Европскиот суд за човекови права.

Претставниците од Коалицијата денеска ќе се сретнат со Заев, каде што ќе побараат зголемување на средствата од буџетот на РМ за 2018 година за решавање на проблемот со загадувањето и животната средина./В.Ј.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико