Кодното име на Јанева било „Мајка“ во разговорите меѓу адвокатот Димишков и Јовановски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Комуникација меѓу лице потпишaно како Васе и Бојан Јовановски преку телефонот на обвинетиот, кој беше даден на вештачење, се читаа во судницата на рочиштето за „Рекет”. Станува збор за комуникација помеѓу адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, кој беше споменат и во сведочењето на Ана Камчева.
Во комуникацијата се споменува и псевдонимот „Мајка”, од која чекале да стигне нешто, не прецизирајќи за што станува збор. „Мајка” е кодното име на Катица Јанева, кое го употребувале Димишков и Јовановски кога зборувале за ексспецијална јавна обвинителка.
Во пораките се разменувале и документи од СЈО, односно мислења кои се давале до судот. Ваква порака испратил обвинетиот Јовановски.
„Сè уште чекаат да стигне од кај Мајка”, пишува во една од пораките испратени од Васе кон Бојан Јовановски, а потоа преку нова порака пишува „Извини, може ли да ја потсетиме Мајка?”.
Двајцата договарале низа средби преку пораки на телекомуникациски апликации. Меѓу пораките, има и таква со содржина „Со Мајка сме на пат, не можам да зборам”.
Комуникациите се во 2018 и 2019 година, а во април минатата година адвокатот Васил Димишков му пишува на Јовановски: „Да, се видиме, има нешто ново за кај Мајка”.
Од комуникации, има и пораки испратени од Лила Стојановска до Јовановски: „Боки овие у банкава не можат ‘ибан’ на Владо. Ќе го прашаш ти зошо висам 45 минути овде”.
„Сега кај Уранија дојде Камчев кај Савова”, пишува Лила Филиповска, а Јовановски вратил „Стока”.
Рочиштето е во тек.
Извор: Макфакс