Кое е значењето на вашиот единствен матичен број | Правдико

Правдико

   

Кое е значењето на вашиот единствен матичен број

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Покрај личното име, како ознака за идентификација на граѓаните, може да се користи и матичниот број на граѓанинот.

qqqqqqw

Матичниот број на граѓанинот е индивидуална неповторлива ознака на идентификационите податоци на граѓанинот и истиот може да се обработува само врз основа на претходна согласност на граѓанинот или под услови утврдени со закон. Формата, начинот на формирањето и обработката за користење на единствениот матичен број за сите граѓани во државата се утврдени со закон.

Преку матичниот број на граѓанинот лесно може да биде повредена приватноста на секој граѓанин, затоа треба да се внимава кога и за која цел се дава истиот.

При обработување на матичниот број на граѓанинот, контролорот секогаш треба да внимава истиот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.Матичниот број на граѓанинот, може да се обработува при вршење на работи кои се однесуваат на добивање кредит или наплата на долг, осигурување, во рентиерските односи, кога се основа трговско друштво, во кредитни работи, здравствена и социјална заштита, вработување и други услуги во корист на субјектот на личните податоци. Матичниот број на граѓанинот може да се обработува и за историски и научни истражувања или статистички цели.

Матичниот број се состои од тринаесет цифри распоредени во шест групи и тоа:

I група: ден на раѓањето (две цифри),
II група: месец на раѓањето (две цифри),
III група: година на раѓањето (три цифри),
IV група: број на регистарот (две цифри),
V група: комбинација на полот и редниот број за лица родени на ист датум
(три цифри). Мажи од 000 до 499, жени од 500 до 999 и
VI група: контролен број (една цифра).

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико