Правдико

   

Кога Кипар беше поделен

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Светот речиси ја заборави оваа поделба. Островот Кипар е поделен веќе 40 години – на турска и грчка половина. Денеска се потсетува на почетокот на поделбата.

cyprus-map-flag

Во северниот дел на островот окупиран од турските трупи е планирана голема воена парада. Во грчкиот јужен дел на Кипар во голем број цркви им се оддава почит на жртвите од турската воена интервенција, информираат кипарските медиуми. На 20. јули 1974 година турските трупи извршија инвазија на Кипар. Тие запоседнаа речиси 37 проценти од островот. Претходно на 15. јули 1974 година грчките офицери целно извршија пуч за островот да се припои кон Грција.

Преговорите не вродија плод

Турската Република Северен Кипар е признаена само од Турција. Република Кипар, која го контролира само југот од островот, е членка на ЕУ. Сите обиди за преговори на ОН досега пропаднаа.

Во колективно сеќавање на Грците навраќањето на јули 1974 година е поврзано со радост и тага. Тогаш, по седум години и три месеци беше соборена воената диктататура. Остана меѓутоа поделбата на Кипар. Пучот таму го иницираше тогашната грчка хунта и со тоа предизвика турска воена инвазија.

Во Атина пучистите со нивниот водач полковникот Јоргос Пападополус со тенкови на 21. април 1967 година ја укина грчката деморкратија. Потоа пучистите владееја со железна рака.

На преземањето на власта од страна на грчките полковници и‘ претходеше политички спор меѓу кралската куќа, конзервативците и централно-левичарските партии. Популистите на двете страни ја носеа земјата во сѐ подлабика криза. Демонстрантите умираа на улиците, а еден левичарски политичар беше убиен.

Тогаш 25- годишниот и неискусен крал Константин Втори по пучот направи голема грешка и ја одбрани воената хунта. Тој сакал да избегне граѓанска војна, се правдаше. Неколку месеци подоцна Константин сфати дека дефинитивно ја загуби довербата на Грците. Тој се обиде со лошо организиран противпуч да ги собори полоковниците. Обидот беше неуспешен и Константин избега во егзил.

Извор: DW

Партнери на Правдико