Случаи во кои може да се одложи почетокот на извршување на казната затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Осуденото лице кое се наоѓа на слобода може по негова молба да му се одложи почетокот на извршувањето на казната затвор, само во одредени случаи и тоа:
1) ако се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности но само во периодот додека трае болеста односно лекувањето и е должно на секои 30 дена да достави веродостоен доказ за неговата здравствена состојба.;
2) се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице најдолго за три месеца;
3) одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила најдолго за три месеца;
4) осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета најдолго за три месеца;
5) одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувалонајдоцна до завршување на училишната година и шест месеца за испит;
6) заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството најдолго за шест месеца;
7) е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеца до наполнувањето на една година од животот на детето. и
8) е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште или п рестојувалиште.
Молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор се поднесува во рок од три дена од денот на приемот на упатниот акт.Кон молбата се прилагаат веродостојни докази и факти за причините кои го оправдуваат одлагањето. Откако ќе се поднесе молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор решава судијата за извршување на санкциите, кој е должен да донесе решение во рок од три дена по приемот на молбата. Пред донесувањето на решението тој може да ги извиди и испита околностите наведени во молбата па така се до донесувањето на решението по молбата се одлага почетокот на извршувањето на казната. Откако ќе се донесе решението осуденото лице и надлежниот јавен обвинител имаат право на жалба до кривичниот совет на судот надлежен за извршување на санкцијата во рок од три дена од денот на приемот на првостепеното решение. Жалбата го одлага извршувањето на казната.
За одлагање на извршување на казна затвор покрај молбата на осуденото лице може надлежниот јавен обвинител, врз основа на законското овластување да побара одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор, судијата за извршување на санкциите нема да го повика осуденото лице, а ако веќе го повикал, но уште не поминал рокот за јавување во установата, ќе донесе решение за одлагање на почетокот на извршувањето на казната. Одлагањето на почетокот на извршувањето на казната трае додека јавниот обвинител не го извести судијата за извршување на санкциите дека може да се отпочне со извршувањето на казната затвор, односно до донесувањето на одлука по правното средство на јавниот обвинител.
Одлуката за одлагање на почетокот на извршувањето на казната донесена по барање на јавниот обвинител престанува да важи ако јавниот обвинител во рок од 30 дена од денот на приемот на одлуката не употреби правно средство
Исто така одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор може да одреди и надлежниот суд за решавање по барање за повторување на кривичната постапка поднесено во корист на осуденото лице, по барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда и по барање за замена на казната затвор со парична казна, под условите предвидени со закон.
–ПРАВДИКО–
Поврзани статии:
– Услови за прекин на издржувањето на казната на осудени лица