Правдико

   

Кога работодавачот одговара за штета причинета спрема трети лица?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bossЗа штета што работникот во работата или во врска со работата ќе му ја причини на трето лице одговара работодавецот кај кој работел работникот во моментот на причинување на штетата, освен ако докаже дека работникот во дадените околности постапил онака како што требало. Како единствен услов е работникот да биде во работен однос кај работодавецот, така што за секоја настаната штета што работникот во работата или во врска со работата ќе му ја причини на трето лице, одговара работодавецот кај кој работел работникот во моментот на настанување на штетата.

Работодавецот одговара за штетата исто како тој да ја предизвикал. Доста битен услов е и тоа  штетата која е предизвикана од страна на работникот да е сторена на работното место и во рамките на вршењето на работните задачи. Но има и случаи кога работодавачот одговара и ако работникот причинил штета надвор од работното место или надвор од работните задачи,  меѓутоа  таа штета треба да е во причинска врска со вршењето на работата.

Како оштетен може да се јави исклучиво трето лице, атоа значи лице кое не е работник на правното лице. Овде во кругот на трети лица спаѓаат и сите правни лица надвор од правното лице чиј работник или орган ја причинува штетата. Оштетениот има право да бара надомест на штетата и непосредно од работникот ако штетата ја причинил намерно. Идејата овде е да се обезбеди поголем степен на правна заштита на оштетениот.

Кога работникот со свои дејствиа на трето лице ќе му причинат штета се тргнува од тоа дека тие тоа го сториле со вина. Доколку правното лице сака да се ослободи од одговорност за надомест на штета причинета на трето лице треба да ја собори претпоставката за постоење на вина. Оттука работодавецот кој на оштетениот ќе му ја надомести штетата што работникот ја причинил намерно или со крајно невнимание, има право од тој работник да бара надомест на платениот износ. Надоместокот ќе го бара како регрес во висина на надоместокот кој правното лице им го исплатило на оштетеното лице. Законот дава рок од шест месеци од денот на исплатениот надомест на штетата, правното лице да бара регрес од работникот за настанатата штета која била предизвикана со намера и крајно невнимание. После изминување на овај рок правото на регрес застарува.

Пример од судска пракса:

– Кога сообраќајната незгода ја предизвикале возачи на правно лице или кај работодавец за време на исполнување на работните обврски, за штетите сторени на трето лице одговара правното лице, односно рабоодавецот кај кого тие се вработени, а возачите само ако се докаже дека штетата ја сториле намерно. ВСРМ

– Во спорот за надомест на штета причинета од на трети лица, апо вина на работникот на работодавецот, работникот и работодавецот не одговараат солидарно, туку одговара работодавецот, со тоа доколку ја плати штетата- има право на регрес од работникот. БСРМ

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Право на надоместок на штета поради неоснована осуда или лишување од слобода

– Надомест на штета пред друштва за осигурување

– Одговорност за штета предизвикана врз животната средина

 Постапката за надомест на штета пред осигурителните компании

– Надомест на нематеријална штета

– Надомест на штета во случај на сообраќајна незгода

Партнери на Правдико