Коха: Седиштето на Специјалниот суд во Приштина, сведоци ќе се сослушаат во Хаг
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претставниците на холандското и косовското судство постигнаа договор за седиштето на Специјалниот суд, за судење на воените злосторства на лидери и членови на Ослободителната војска на Косово, пишува приштинскиот весник “Коха диторе”, објави РТС.
„Коха диторе“ пишува дека седиштето на судот ќе биде во Приштина, а заштитените сведоци треба да се испитуваат во Хаг.
Договорот е постигнат во текот на посетата на Холандија од страна на претставници на косовската влада минатата недела.
Договорот наскоро ќе се најде на агендата на косовската влада, а потоа и во парламентот, според РТС.
Порталот „Коха диторе“ го цитираше советникот на заменик-премиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи, Ардијан Арифај, кој рече дека „не може да каже ништо во врска со тоа дека седиштето на Специјалниот суд ќе биде во Холандија“ и дека тоа е прашање за холандската влада.