„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг | Правдико

Правдико

   

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“.

Специјализираниот совет објави документ со кој се одобрува ангажирање на дополнителни адвокати за Тачи.

„Коха“ наведува дека на списокот на адвокати на Тачи се Софи Менегон, Дејвид Хупер, Дастид Паласка, Семјуел Блум Купер и Пјер Ричард Проспер.

Поранешниот косовски претседател е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогони и тортури извршени за време на конфликтот во Косово.

Тој беше уапсен на 5 ноември и пренесен во затворот на Специјалниот суд во Хаг.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико