Кои ќе бидат надлежностите на новиот Совет за утврдување одговорност на судиите | Правдико

Правдико

   

Кои ќе бидат надлежностите на новиот Совет за утврдување одговорност на судиите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

2246121_origСо донесување на новиот Закон за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија ќе започне да се формира едно ново тело кое ќе има за цел да врши еден вид надзор над работата на судиите и со тоа да покренува постапки за утврдување на одговорност доколку утврди одредена неправилност. Согласно овој закон Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија , се основа заради утврдување на факти и донесување на одлука за потребата од доставување на барање за покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд пред Судскиот совет на Република Македонија. Советот за утврдување на факти е самостоен и независен орган.

Состав на Советот

Советот за утврдување на факти е составен од 9 члена и тоа:

три члена од редот на пензионирани судии со непрекинат судиски стаж од над 15 години, со истакнати резултати во своето работење и кои за време на својот судиски стаж не биле дисциплински санкционирани, од кои еден член е од редот на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија,
три члена од редот на пензионирани јавни обвинители со непрекинат јавно обвинителски стаж над 15 години, со истакнати резултати во своето работење и кои за време на својот јавно обвинителски стаж не биле дисциплински санкционирани, од кои еден член е од редот на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија,
два члена од редот на пензионираните универзитетски професори на Правен факултет на универзитетите во Република Македонија, со непрекинат универзитетски стаж на редовен професор над 15 години, со истакнати резултати и објавени научни трудови во своето работење, од кои еден член е од редот на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија,
еден член од редот на пензионираните адвокати со непрекинат адвокатски стаж над 15 години, со истакнати резултати во своето работење и кој за време на својот адвокатски стаж не бил дисциплински санкциониран.

Надлежности на Советот

Советот е надлежен:

да расправа поединечно по сите претставки и поплаки поднесени од граѓаните, правните лица, претседатели на судови за работата на судиите или претседатели на судови, како и за одолжување на судските постапки, како и по допрен глас или други добиени сознанија за работата на судиите или претседатели на судови ,
да прибавува податоци и докази кои се од интерес за утврдување на состојбата во врска со наодите во иницијативата,
да прибавува податоци и доказите кои се од интерес за утврдување на состојбата во врска со наодите во иницијативата кои се наоѓаат кај државен орган, орган на единицата на локалната самоуправа или кај физичко или правно лице на кое му е доверено вршење на јавни овластувања, кои се должни без надомест да ги достават до Советот во рокот определен во барањето,
да врши непосреден увид во судски списи и други списи и досиеја кои се од интерес на Советот за утврдување на фактите во врска со наодите во иницијативата,
да ги разгледува извештаите на Судскиот совет на Република Македонија за работата на судиите и судовите во Република Македонија,
да поднесува барање за поведување на постапка за одговорност на судија или претседател на суд до Судскиот совет на Република Македонија,
да го застапува барањето за поведување на постапка за одговорност на судија или претседател на суд пред Судскиот совет на Република Македонија,
да изготвува годишен извештај за работите од своја надлежност кој го објавува на веб страницата на Советот, најдоцна до 1 февруари во тековната година за претходната година и
врши други надлежности утврдени со закон.

Советот задолжително најмалку еднаш во текот на една работна недела одржува седница на која расправа поединечно по сите иницијативи и донесува одлука, најмногу во рок од 40 дена од денот на поднесената претставка или поплака, односно од денот на допрениот глас или друго добиено сознание.

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико