Кои лекови ќе можете да ги купувате од маркетите и бензиските станици | Правдико

Правдико

   

Кои лекови ќе можете да ги купувате од маркетите и бензиските станици

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

lekoviЛистата содржи лекови против болка – аналгетици, за намалување на температура – антипиретици, антиревматици, антациди за желудник

Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати. Правилникот за продажба на лекови по продавници, иако требаше да стапи во сила на 13 февруари, официјално профункционира денеска откако ресорното Министерство ја обелодени листата на ОТЦ препаратите. Таа опфаќа 108 лекови или тоа е околу 54 отсто од вкупниот број лекови без рецепти, кои досега се продаваат само во аптеките. Палетата содржи лекови за болка – аналгетици, за намалување на температура – антипиретици, антиревматици, антациди за желудник, бронхосекролитици, локални антисептици и за надворешна употреба. 

Во слободна продажба ќе бидат ОТЦ препаратите со најмала јачина и во најмало пакување. Од листата се изземени педијатриските лекови без рецепт, односно нема да се продаваат лекови што се за деца под 12 години.

„Ќе се продаваат андол од 300 милиграми, парацетамол, еферлаган, потоа аспирин протект 100, андол 100 и кардиопирин, линекс и линекс форте, лекови за искашлување како бронлес, проспан, мукодин ибупрофен, рапидол С и неофен директ – од групата на антиревматици, како и витамини, локални антисептици за уста и грло, дезинфициенси за надворешна употреба, вештачки солзи, лекови против киселини во желудник, лекови со активен јаглен и неколку други препарати. Избрани се лекови со најмала јачина, односно со ниско ниво на токсичност и со минимални несакани ефекти“, појасни министерот за здравство, Никола Тодоров, за тоа дека ја дефинирале листата на ОТЦ лекови според примерот на вакви листи во САД, Велика Британија, Норвешка, Португалија, Полска и Чешка. Тој истакна дека листата ќе се проширува периодично, според потребите.

Основен критериум при изборот на лековите, како што нагласи директорот на Бирото за лекови, Катерина Алексоска, е препаратот да има само една активна супстанција, која е со добра стабилна употреба, во цврста форма, да нема продолжено дејство, да е за локална и надворешна употреба, според начинот на употреба да е за деца над 12 години и да е со најмногу 20 до 30 таблети во една кутија. „Нема да бидат достапни лекови, како на пример, витамини што имаат по 250 или 500 таблети во едно пакување. И ќе бидат само лекови во кои има упатство за употреба“, појасни Алексоска.

Лековите може да се продаваат само во маркети и на бензински станици, кои се во сопственост на фирмата што бара дозвола за продажба на лекови. Во регион до 30.000 жители, лековите ќе можат да се продаваат во маркети и бензиски станици со минимална површина од 25 метри квадратни или максимални 50 метри квадратни, кои ќе мора да имаат точно одредена полица за фармација. Над 30.000 жители, минималната квадратура е 50, а максималната е 100 метри квадратни.

Автор: Јасмина Ј.Вељановска

Извор: Утрински

Препорачуваме

Партнери на Правдико