Кои одликувања и признанија може да ги додели претседателот на РМ | Правдико

Правдико

   

Кои одликувања и признанија може да ги додели претседателот на РМ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

30Одликувањата и признанијата на Република Македонија се симболи на признание што се доделуваат за работи и дела што заслужуваат општо признание, пожртвуваност и истакнување за време на мир или војна.Одликувањата и признанијата на Република Македонија ги доделува и врачува лично претседателот на Република Македонија. По исклучок претседателот на Република Македонија може да определи и друго лице кое ќе го врачи одликувањето или признанието.

Доделените одликувања и признанија по правило се врачуваат при одбележување на значајни настани, како што се: денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија; денот на донесувањето на Уставот на Република Македонија; денот на Армијата на Република Македонија; денот на полицијата, како и при официјални посети на државници и слично.

Кој може да прими одликување или признание?

Одликувањата и признанијата на Република Македонија се доделуваат на поединци граѓани на Република Македонија, на правни лица, државни органи, установи, владини и невладини организации, на единици, команди, штабови и установи на вооружените сили на Република Македонија, на единиците на полицијата на Министерството за внатрешни работи и на припадниците на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

Одликувањата и признанијата можат да се доделат и на странски државници – дипломати, странски физички и правни лица, меѓународни организации и други асоцијации.

За што може да се додели одликување или признание?

Одликувањата и признанијата се доделуваат за постигнати резултати во доменот на општествено-политичките, стопанските, научно-истражувачките работи, како и за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош. Одликувањата и признанијата се доделуваат и за активности кои придонесуваат за мирен и стабилен развој на Република Македонија, за придонес во нејзиниот демократски развој, за особено постигнати резултати во работата, како и за пројавена особена лична храброст во одбраната на татковината.

Одликувања

Одликувања на Република Македонија се ордени и медали.

Ордени на Република Македонија се:

  1. Орден на Република Македонија;
  2. Орден “8 Септември”;
  3. Орден “Илинден -1903 година”;
  4. Орден за заслуги за Македонија и
  5. Орден за воени заслуги.

Медали на Република Македонија се:

  1. Медал за заслуги за Македонијач;
  2. Медал за храброст
  3. Медал на честа;
  4. Медал ВЕЧНО СОНЦЕ и
  5.  Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија

ОРДЕНИ

295px-Orden_na_RMОрден на Република Македонија – се доделува на:

– најистакнати личности и правни лица кои имаат посебни заслуги во остварувањето на самостојноста, сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за вонредни резултати остварени на цивилен и воен план.

– најистакнати личности кои исклучително придонеле за развивање и зацврстување на мирољубивата соработка и пријателските односи меѓу Република Македонија и други држави, како и за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед;

– владини и невладини организации, здруженија, како и поединци, кои со своето работење и дејствување постигнат исклучителни резултати од значење за афирмирање на Република Македонија во областа на науката, уметноста, образованието, стопанството, хуманоста и слично, на домашен и на меѓународен план, а особено поединци кои во областа на своето работење, односно професионално ангажирање добиле највисоки награди, односно најпрестижни признанија од меѓународно значење и

– шефови на држави и на влади, како и на други истакнати странски личности за вонредни заслуги во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со други држави.

250px-Orden_8_septemvriОрден “8 Септември “-се доделува:

– за вонредни заслуги на личности и државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, од Република Македонија во конституирањето и изградбата на Република Македонија во мирновременски услови како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, како и за исклучителен придонес за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка со други држави и меѓународни организации и асоцијации и за афирмирање и јакнење на нејзината меѓународна положба и углед;

– на лица, органи и организации кои особено придонеле за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Република Македонија;

– на лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста, одбраната и заштитата на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на тој план и

– на претседатели на држави, на парламенти и на влади, на високи странски државници и дипломати, на највисоки функционери на меѓународни организации и установи за исклучителни заслуги за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу соодветната држава, односно организација или установа и Република Македонија, како и за исклучителен придонес за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед.

250px-Orden_IlindenОрден “Илинден – 1903 година” – се доделува на:

– истакнати личности во борбите за национално и социјално ослободување; за политичките затвореници и лица прогонувани, судени и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност; за лица, државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, кои со нивни посебни залагања придонеле во создавањето на сувереноста, независноста, територијалниот интегритет на Република Македонија; како и за исклучителен придонес за нејзиниот државно – правен и општествен развој и за јакнење на односите на заедниците во Република Македонија и

– лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на овие полиња.

250px-Orden_za_zaslugiОрден за заслуги за Македонија – се доделува:

– на личности, владини и невладини организации и здруженија на граѓани, на правни лица, како и на други органи и организации за особени заслуги во политичкиот и општествениот живот во Република Македонија, како и на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва на други држави и на меѓународни организации и други асоцијации акредитирани во Република Македонија; на странски државјани и странски установи и организации за особени заслуги за сувереноста, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, за успешно организирање и ефикасно остварување на функциите на органите на државната власт, за особено значајни остварувања во стопанството, образованието, науката, културата, иноваторството, здравството, социјалната политика, спортот и во заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и за особен придонес за успешно организирање и ефикасно функционирање на установите и организациите во овие области за заслуги во остварувањето и унапредувањето на односите меѓу заедниците во Република Македонија, за особени заслуги за успешно остварување и унапредување на односите и соработката на Република Македонија со други држави и со меѓународни уста-
нови и организации, како и за нејзиното афирмирање во светот во одделни области и дејности и

– за особени заслуги кои можат да се искажат и за меѓучовечка помош или хуманитарна помош која се спроведува со лично залагање.

250px-Orden_za_voeni_zaslugiОрден за воени заслуги – се доделува:

– на припадници на безбедносните сили на Република Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир; во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Македонија; во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единициили установи за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката;

– за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката;

– на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и

– на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија.

МЕДАЛИ

250px-Medal_za_zaslugiМедал за заслуги за Македонија – се доделува:

– на физички и правни лица за постигнати резултати кои придонесуваат за значаен развој и афирмација на Република Македонија во сите области на животот и работата, како и за развивање на пријателски односи меѓу Република Македонија и други држави, меѓународни органи, организации или асоцијации.

 

250px-Medal_za_hrabrostМедал за храброст – се доделува на:

– припадници на вооружените сили на Армијата на Република Македонија, на вработените од Министерството за внатрешни работи и на други личности за покажана лична храброст и самопрегор во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, или во заштитата на човечки животи или материјални добра во опасни ситуации и

– припадници на Министерството за внатрешни работи за посебни заслуги и долгогодишно ангажирање при вршење на работите и задачите; посебно ангажирање во спасување или заштита на животот, имотот и здравјето на граѓаните, посебно ангажирање во спречувањето на нарушувањето на јавниот ред и мир во поголем обем или заради особени заслуги и придонес во меѓународната афирмација на Министерството.

Медал на честа се доделува на:

– припадниците на безбедносните сили на Република Македонија за достигнувања во раководењето и командувањето со безбедносните сили при што дале придонес во развојот, угледот и унапредувањето во   извршувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од службата;

Медал ВЕЧНО СОНЦЕ се доделува на:

– припадник на безбедносните сили кој го загубил животот, здобил тешки телесни повреди или оштетување на здравјето при одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, учество во вежбовни активности и обука и во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија,како  и  должности  во  мултинационални  воени  сили  формирани  согласно  со ратификуваните меѓународни договори кои Република Македонија ги склучила или им пристапила и

Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија на кој е претставен називот на операцијата и бројот на учеството во истата, се доделува на:

– припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, како и на граѓаните на Република Македонија ангажирани во активности во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија.

Медалот  се доделува за секое учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија, и тоа:

– прво учество, медал со чист рибон,

– второ учество, медал со бронзена ѕвезда на средина на рибонот,

– трето учество, медал со бронзена ѕвезда и број 1 на средина на рибонот,

– четврто учество, медал со сребрена ѕвезда на средина на рибонот,

– петто учество, медал со сребрена ѕвезда и број 1 на средина на рибонот,

–  шесто учество, медал со златна ѕвезда на средина на рибонот и

– за учество во секоја следна мисија, медал со златна ѕвезда и со последователен број на средина на рибонот.“

Признанија

Признание на Република Македонија е:

  1. Повелба на Република Македонија.

Повелба на Република Македонија се доделува на:

– државјани на Република Македонија и на државјани на други земји, на правни лица и на меѓународни институции и организации за посебен придонес за развојот на Република Македонија, за особени заслуги во развивањето и унапредувањето на меѓународните односи и на соработката на Република Македонија со други држави и меѓународни институции и организации и јакнењето на нејзината меѓународна положба и углед и

– поединци, организации и здруженија, како и на културно-уметнички, спортски и други здруженија за успешно организирање и претставување на достигнувањата од соодветната област во земјата и странство.

Претседателот на Република Македонија доделува одликувања и признание по своја иницијатива или по иницијатива на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, државни органи и организации, здруженија на граѓани, граѓани на Република Македонија, правно лице, единица на локалната самоуправа, културно-уметнички и спортски друштва. Иницијативите се доставуваат до претседателот на Република Македонија.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико