Правдико

   

Кои патнички автомобили се ослободени од акциза при увоз во Македонија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Патнички автомобили се ослободени од акциза при нивниот увоз и при пуштање во акцизно правен слободен промет кога се наменети за реализација на проект финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу Република Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.

Патнички автомобили се ослободени од акциза при нивниот увоз и при пуштање во акцизно правен слободен промет кога се наменети за реализација на проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој се спроведува во услови на децентрализирано управување, и за делот на средствата од националното кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија или задолжување. При увоз за остварување на ослободувањето се поднесува барање од страна на увозникот на патнички автомобили.

Патничките автомобили ослободени од плаќање акциза не смеат да се отуѓат ако за истите не се плати износот на акцизата за кој биле претходно ослободени.

Патничките автомобили се ослободени од акциза при нивниот увоз ако се добиени како подарок од странски донатори, а се наменети за државните органи, општините, градот Скопје, општините во градот Скопје и за јавните установи.

Патничките автомобили на хибриден погон (комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор) се ослободени од акциза.

Акцизни ослободувања на патнички автомобили за реализирање на проекти финансирани со парични средства на странски донатори

За остварување на ослободување од акциза при пуштање во акцизно правен слободен промет на патнички автомобили, согласно член 51-в ставови (1) и (2) од Законот за акцизите до Министерството за финансии се поднесува барање на образец А-ПА во два примерока.

Кон барањето се доставуваат следните документи:

– фактура, профактура или договор за купопродажба во која како купувач е наведен имплементаторот на проектот и

– копија од потврда за регистрација на проектот во Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат-Сектор за европска интеграција-Одделение за координација на странска помош која ги содржи следните податоци:

  • називот на проектот на македонски и англиски јазик;
  • вредноста на донацијата за соодветниот проект;
  • име на имплеменаторот кој е задолжен за реализирање на проектот и
  • датум на договорот склучен помеѓу Владата на Република Македонија и странскиот донатор, во кој има клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во Република Македонија.

Извор: Царинска управа на РМ

Партнери на Правдико