Правдико

   

Кои права ги ужива претседателот по престанокот на мандатот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Coat_of_arms_of_the_President_of_Macedonia.svgСогласно Законот  за  правата  на  претседателот  на  Република  Македонија  и неговото семејство по престанување на функцијата, Претседателот на Република Македонија и неговото семејство стекнуваат права по престанокот на мандатот за кој е избран.

 

 

 

Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата  има право:

– на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на Република Македонија,

– на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица,

– на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

– да учествувана државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија.

– на материјални трошоци за потребите при остварувањето на неговите активности.

Средствата потребни за остварување на овие права  се обезбедуваат со Буџетот на Република Македонија.

Права на семејството на претседателот на кој му престанала функцијата

Во случај на смрт на претседателот на Република Македонија по престанокот на мандатот, пензијата  намалена за 30% ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца   до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок во случај на смрт на претседателот на Република Македонија за времетраење на мандатот. Висината на надоместокот е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на Република Македонија. Брачниот другар ова правото  го користи трајно.

Покрај надоместокот, семејството на претседателот може да користи и други права како што се:

– лично   обезбедување, користење на службено возило и возач;
– службени простории по потреба при прием на домашни и странски делегации и
– финансиски средства и службена придружба при патувања на член на семејството по повод официјална покана за присуство на манифестација надвор од земјата.

За начинот на остварување на овие правата , решение донесува Министерството за финансии..

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико