Кои предмети не можат да ви бидат одземени од извршител | Правдико

Правдико

   

Кои предмети не можат да ви бидат одземени од извршител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

agreement, antique, authority, business, businessman, certificate, certify, clerk, close-up, concept, contract, desk, document, finance, hand, handwriting, ink, law, lawyer, legal, letter, manager, notarize, notary, office, official, old, paper, pen, person, pressure, public, retro, seal, signing, stamp, stamper, testament, text, working, writing

Извршната постапка е посебна граѓанска постапка чија цел е конечно остварување на некое побарување за кое е одлучено во когнициска постапка (парнична, кривична, управна, итн) или обезбедување на идното остварување на  некое побарување.

Во правниот систем на Република Македонија, постапката на извршување ги опфаќа правните правила според кои постапуваат извршителите заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, заради присилно извршување на одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска, заради присилно извршување на нотарска извршна исправа, (во сите случаи освен ако со друг закон поинаку не е определено), како и при извршување на брод и на воздухоплов.

При вршењето на дејствијата на извршителот за присилно извршување на извршната исправа, законот има поставено одредени ограничувања во поглед на предметот на извршување.

Предмет на извршување не можат да бидат:

1) облека, обувки, долна облека и други предмети за лична употреба, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и други предмети со вообичаена вредност што служат за задоволување на основните потреби за домаќинството, доколку му се потребни на должникот и на членовите на неговото домаќинство;

2) храна и огрев за потребите на должникот и на членовите на неговото домаќинство за три месеца;

3) работен и расплоден добиток, земјоделски машини и други орудија за работа, семе, добиточна храна, алат, машини и други предмети што на должникот земјоделец или занаетчија му се неопходни за одржување на земјоделското стопанство, односно за вршење на занаетчиската дејност, во мера во која е потребно со тоа да се оствари минимален приход за неговото издржување и за издржување на членовите на неговото семејство;

4) книги и други предмети што му се потребни на должникот кој самостојно во вид на занимање со личен труд врши научна, уметничка или друга професионална дејност;

5) готови пари на должникот до месечниот износ кој според закон е изземен од извршување;

6) ордени, медали, воени споменици и други знаци на одликување и признание, венчален прстен, лични писма, ракописи и други лични списи на должникот, како и семејни фотографии и

7) помагала што на инвалидот или на друго лице со телесни недостатоци му се дадени врз основа на прописите или што ги набавил сам, а се неопходни за извршување на неговите животни функции.Поштенска пратка или поштенска парична дознака упатена до должникот не може да биде предмет на извршување пред да му се врачи.

Со закон може да се определи дека и други подвижни предмети не можат да бидат предмет на извршување.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Приговор во случај на неправилности при извршување

– Нотарска постапка во случај на неплатени сметки

– Парични примања кои не подлежат на извршување

Препорачуваме

Партнери на Правдико