Кои се границите на ублажување на затворската казна | Правдико

Правдико

   

Кои се границите на ублажување на затворската казна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

smalena

Судот може на сторителот да му одмери казна под границата пропишана со закон,  или да примени поблаг вид на казна во случај кога изрекува казна по поднесен предлог на спогодба за признавање на вина склучена меѓу јавниот обвинител и обвинетиот и кога обвинетиот ја признае вината на главната расправа согласно со одредбите од Законот за кривичната постапка.

Судот ќе ги има предвид сите околности што влијаат казната да биде помала или поголема во зависност од олеснувачките  и отежнувачките  околности, а особено: степенот на кривичната одговорност, побудите од кои е сторено делото, јачината на загрозувањето или повредата на заштитното добро, околностите под кои е сторено делото, придонесот на жртвата во извршувањето на делото, поранешниот живот на сторителот, неговите лични припики и неговото однесување по стореното кривично дело, како и други околности што се однесуваат на личноста на сторителот како и посебно ќе води сметка за вкупното дејствие на казната и нејзините последици врз личноста на сторителот и потребите на неговата ресоцијализација.

Oдмерувањето на казната судот го врши согласно со Правилникот за начинот на одмерување на казните кој го донесува претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, по претходно мислење од Јавниот обвинител на Република Македонија и Адвокатската комора на Република Македонија.

Судот може на сторителот да му одмери казна под границата пропишана со закон или да примени поблаг вид казна:

– кога изрекува казна по поднесен предлог на спогодба за признавање на вина склучена меѓу јавниот обвинител и обвинетиот и

– кога обвинетиот ја признае вината на главната расправа согласно со одредбите од Законот за кривичната постапка.

Граници на ублажувањето на казната се:

1) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од десет, казната може да се ублажи до пет години затвор,

2) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од осум, казната може да се ублажи до четири години затвор,

3) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од пет, казната може да се ублажи до три години затвор,

4) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од четири, казната може да се ублажи до две години затвор,

5) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од три години, казната може да се ублажи до една година затвор,

6) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од една година, казната може да се ублажи др три месеци затвор,

7) за кривичното дело е пропишана најмала мера на казна затвор под една година, казната може да се ублажи до 30 дена затвор,

8) за кривичното дело е пропишана казна затвор до три години со назначување на најмалата мера, наместо казна затвор може да се изрече парична казна и

9) за кривичното дело е пропишана парична казна со назначување на најмалата мера, казната може да се ублажи до општиот законски минимум.

 

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико