Кои се надлежностите на ЕВРОПОЛ ? | Правдико

Правдико

   

Кои се надлежностите на ЕВРОПОЛ ?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

europol_europe_2Европол (кратенка за Европската полициска агенција) е основан со Договорот од Мастрихт во 1992 година како тело коешто има за цел во рамките на заемната соработка во сферата на правдата и внатрешните работи да развива систем на размена на информации. Подоцна  оваа служба се трансформирана во вистинска меѓувладина полициска организација, независна од европските институции и земјите членки, нешто како од типот на Интерпол.

Како основната цел  на Европол е борбата против трговијата со наркотични дроги. Подоцна со одлуки на Советот надлежноста е проширена на борбата против тероризмот, фалсификувањето на платежни средства и перење на пари. Со договорот од Амстердам ја проширува улогата на Европол во прибирањето и обработката на информации, водење на истраги, а при тоа создавајќи услови за непосредни интервенции на териториите на земјите членки.  

Основна задача на Европол е остварување на координирана соработка и размена на информации меѓу надлежните органи на државата и Европол, улога на своевиден филтер во однос на доставувањето на такви информации со можност за нивно запирање ако се оцени дека се засегнати битни национални безбедносни интереси кои може да ги компромитираат резултатите на истрагата што се води во таа држава. Секоја држава потписник на Конвенцијата е должна да определи и надлежен орган за надзор над работата на националната единица заради обезбедување на заштита на личните податоци и на правата на граѓаните. Задачите на Европол се поврзуваат со најразлични дејствија, како на пример собирање на информации, известувања до надлежните органи на земјите-членки и слично. Европол има право да ги повика државните органи кои се засегнати од определен криминал, да започнат истрага за основање заеднички истражни тимови, да развие специјализирано познавање на истражните постапки на надлежните органи на земјите-членки или пак да осигури помош на земјите-членки преку поддршка, совети и истражување со спроведување обуки за членовите на нивните надлежни органи.

Мрежата на Европол вклучува и државни офицери за врска, испратени во Европол од страна на националните единици. Офицерите за врска ги именува државата, но по претходна согласност на директорот на Европол и Управниот совет, од редот на специјалисти од подрачјето на превенцијата и репресијата на облиците на криминал што се во компетенција на Европол.

Европол ги распределува своите ресурси (625 вработени, од овие, околу 120 офицери за врска на Европол ) од своето седиште во Хаг. Големината на Европол е во согласност со фактот дека се во постојана врска со стотици различни организации за безбедност, од кои секоја има поединци или групи, здружени за помагање во активностите на Европол

Основна улога на офицерите за врска е да ги претставуваат интересите на нивните национални тела, да разменуваат информации и да учествуваат во активностите на службата и работата на Европол. На развиената полициска мрежа ѝ се поставени мошне амбициозни задачи, со цел да се подобри соработката и ефикасноста на полициските служби на државите членки во борбата против тероризмот, трговијата со наркотични дроги и другите тешки форми на транснационален криминал. Ова укажува на постоење на организирана криминална структура којашто засега две или повеќе држави членки, па така според тежината на облиците на криминал и нивните последици, се налага потребата од заедничка акција (чл.2 од Конвенцијата за Европол).

Со тоа е определено широко, големо  поле на дејствување, ако се земе предвид фактот на изразената динамичност и појавата на нови форми на тежок криминал, како што е фалсификувањето на пари, трговијата со луѓе, оружје и радиоактивни материи, кражба на возила од европските држави и нивна натамошна дистрибуција во Европа и Африка, трговија со делови од човековото тело, трговија со културни наследства и национални добра и други облици.

Европол е политички одговорна за Советот за правда и внатрешни работи преку Управниот одбор на Европол. Советот го контролира изборот на директор на Европол и на заменик-директорите. Исто така го контролира буџетот на Европол, финансиран од придонесите на земјите-членки, а не од буџетот на ЕУ и сите законски инструменти кои се неопходни за Европол. Управниот одбор на Европол е составен од Министри за внатрешни работи со еден претставник од секоја земја-членка. Се состанува најмалку двапати годишно и меѓу другото подготвува политичка контрола врз повеќе рутинско екипирање и буџетски прашања. Заедничкиот надзорен орган ја надгледува заштитата на податоците во Европол и има двајца претставници од надзорните органи за заштита на податоци од секоја земја учесничка.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико