Кои се најголемите адвокатски друштва во светот?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Следуваат најмоќните и најголеми адвокатски друштва во светот споредувани по број на адвокати, годишни приходи и нивна застапеност низ светот.
Baker & McKenzie
„Baker & McKenzie“ е глобално адвокатско друштво основана во Чикаго од страна на Расел Бејкер и Џон Мекензи во 1949 година. Во неа работат над 4.200 адвокати во 76 канцеларии кои се наоѓаат во 47 земји. Во фискалната година заклучно со 2014 година, друштвото имало приход од 2,54 милијарди долари, што го прави најголемото адвокатско друштво во поглед на приход, пазар и вработени. Сегашниот извршен директор е Едуардо Ц. Лејт, поранешен партнер во четирите канцеларии во Бразил.
Интересен факт: филмот „Филаделфија“, во кој глуми Том Хенкс, бил снимен според приказната на еден адвокат од оваа фирма. Годинава, „Baker & McKenzie“ ја отвори својата 75-та канцеларија во Мјанмар и 76-та во Австралија.
Skadden, Arps, Slate, Meagher & Flom LLP and Affiliates
„Skadden, Arps, Slate, Meagher & Flom LLP and Affiliates“, основана во 1948 година е адвокатско друштво со седиште во Њујорк. Со речиси 2.000 адвокати, таа е една од најголемиото и најпрестижно адвокатско друштво во светот. „Форбс“ ја нарекува „најмоќна“, а истото било прогласено за најдоброто корпоративно адвокатско друштво во САД од 2001 година.
Во 2010 година, било најголемо адвокатско друштво со приход од 2,1 милијарди долари. Адвокатското друштво има приближно 1.886 адвокати во 23 канцеларии (во 2011). Целокупниот број на вработени во друштвото изнесува речиси 4.200 лица.
Norton Rose Fulbright
„Norton Rose Fulbright“ е глобално адвокатско друштво со повеќе од 3.800 адвокати во канцеларии ширум 50 градови низ Европа, САД, Канада, Јужна Америка, Азија, Австралија, Африка, Средниот Исток и Централна Азија. Друштвото работи во повеќе индустрии: финансиски институции, енергија, инфраструктура, превоз, технологија, природни науки и здравство.
Linklaters LLP
„Linklaters LLP“ е меѓународно адвокатско друштво со седиште во Лондон, Велика Британија. Тоа било основана во 1838 година и е член на „Магичниот круг“ составен од водечките британски адвокатски друштва. Во адвокатското друштво вработени се 2.600 адвокати и таа има 29 канцеларии во 20 земји.
Во 2014 година, друштвото имало приход од 2,15 милијарди долари, што ја прави шестто најголемо адвокатско друштво и едно од најпрофитабилните. Друштвото има повеќе од 100 компании како свои клиенти – повеќе од било кое друго британско адвокатско друштво. Во 2012 година, е прогласено за трет најмоќен адвокатски бренд во Глобалниот индекс на елитни брендови.
Freshfields Bruckhaus Deringer LLP
„Freshfields Bruckhaus Deringer LLP“ е меѓународно адвокатско друштво со седиште во Лондон. Тоа, исто така, е член на „Магичниот круг“ на водечки британски адвокатски друштва. Во 2013/14, друштвото имало приход од 1,232 милијарди долари. Друштвото има 28 канцеларии во 17 држави во Азија, Европа, Средниот Исток и Северна Америка, а за него работат 2.500 адвокати. Помеѓу клиентите на оваа фирма се наоѓаат национални и меѓународни корпорации, финансиски институции и влади. Во 2009 година, друштвото било одбрано како официјален правен соработник на Олимписките игри и Параолимписките игри во Лондон во 2012 година.
Автор: Драгана Петрушевска
–ПРАВДИКО–