Кои се правата на работодавачот при избор на кандидат за вработување | Правдико

Правдико

   

Кои се правата на работодавачот при избор на кандидат за вработување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

1-najchestite-greshki-na-intervju-za-rabota-www-kafepauza-mk_Во постапката на избор, работодавачот има право од кандидатот да ги бара доказите за исполнување на бараните условите за работа, при што, се предвидува поголема заштита на личноста и приватноста на поединецот-кандидат. Имено, кандидатот не е должен да одговара на прашањата кои не се во непосредна врска со работата на работното место, односно работодавачот не смее на кандидатот да му поставува прашања кои не се во непосредна врска со работниот однос.

а) Работодавачот смее (има право) да бара од кандидатот само приложување на докази за исполнување на бараните услови за вршење на работата.

б) Работодавачот при склучувањето на договорот за вработување не смее да бара податоци за семејниот односно брачниот статус и планирање на семејството, односно доставување на други исправи и докази коишто не се во непосредна врска со работниот однос.

в) Работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со податоци наведени под б) или со потпишување на спогодба во врска со престанок на работниот однос.

г) Работодавачот може да го провери знаењето, односно способноста на кандидатот за вршење на работата за којашто се склучува договорот.

д) Пороверката на знаењето, односно способноста на кандидатот или утврдувањето на здравствените способности не смеат да се однесуваат на околностите кои што не се во непосредна врска со работата на работното место за кое се склучува договор за вработување.

ѓ) Исто така, работодавачот е должен, односно може поради утврдување на здравствената способност на кандидатот, за работата за која се склучува договор за вработување, да го упати кандидатот на претходен здравствен преглед, односно кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената состојба, освен ако работодавачот на своја сметка го испрати на здравствен преглед. Задолжителни претходни здравствени прегледи, според важечката правна регулатива, се уредуваат во прописите за заштита при работа и здравствените прописи.

е) Работодавачот, мора, пред склучувањето на договорот за вработување, да го запознае кандидатот со работата, условите за работа, како и правата на работниците кои се поврзани со вршењето на работата на работното место за коешто се склучува договорот за вработување.

ж) Работодавачот е должен да ги информира работниците на определено време за слободните работни места преку објава на видно место кај работодавачот, за да ги осигури дека ја имаат истата можност за добивање вработување на неопределено време како и другите работници.

З) Работодавачот треба колку што е можно повеќе да го олесни пристапот на работниците на определено работно време до соодветни можности за обука за подобрување на нивните способности, развојот во кариерата и професионалната мобилност.

Воедно, работодавачот мора, во рок од 8 дена од денот на склучувањето на договорот за вработување, писмено да го извести кандидат кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран, а во рок од 3 дена да му ги врати сите документи што неизбраниот кандидат му ги доставил, како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико