Правдико

   

Кои се придобивките и предностите од Јавно-приватно партнерство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bbbbbbvvvvvvvvvvvvЈПП се често користена форма на финансирање на разни проекти во ЕУ. Врз основа на искуствата од бројни примери на успешни ЈПП идентификувани се следните основни предности и придобивки:

Забрзана изградба на инфраструктура: ЈПП често му овозможува на јавниот партнер наместо едно-кратно капитално издвојување, изградената инфраструктура или користењето на јавните услуги да ги плаќа за времетраењето на проектот, со што се овозможува да се пристапи кон изградба наинфраструктурни проекти кои инаку би биле надвор од буџетски планираните средства.

Поквалитетни јавни услуги: Распределбата на ризикот на приватниот партнер треба да го поттикне и да го унапреди квалитетот на јавните услуги особено кај оние проекти каде што плаќањето е поврзано со задоволувањето на однапред утврдени стандарди за давање на услуги.

Зголемена ефикасност: Приватниот партнер е заинтересиран за смалување на трошоците за време на целиот период на операционализација на проектот, што потешко се постигнува во рамките на постојните механизми на управување од страна на јавниот партнер.

Подобра распределба на ризиците: Основното начело на ЈПП е алоцирање на ризикот на оној партнер кој може да го преземе со најмалку трошоци. Во оваа насока треба да е прецизира дека треба да се оптимизира и максимизира преносот на ризикот за да може  да се обезбеди создавање на поголема вредност за парите.

Побрза имплементација на проектот: Со оглед на тоа што проектирањето и изградбата е обврска на приватниот партнер, односно плажањето од страна на јавниот партнер е поврзано со започнувањето на давање на јавни услуги, приватниот партнер е мотивиран работите да ги изведе во што пократок рок.

Создавање на дополнителни приходи: Приватниот партнер најчесто е во можност да создава дополнителни приходи од трети субјекти, намалувајќи ги на тој начин трошоците за издвојување на јавниот партнер, односно на крајните корисници на јавните услуги.

Подобрено управување: Со пренесувањето на обврската за давање услуги на приватниот партнер, јавниот партнер се јавува во улогана регулатор и се насочува на активности кои се однесуваат на планирање, унапредување и контрола, наместо секојдневно давање на јавни услуги.

Извор: http://www.zels.org.mk

Партнери на Правдико