Кои се придобивките од меѓуопштинската соработка? | Правдико

Правдико

   

Кои се придобивките од меѓуопштинската соработка?

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vardarski-regionМеѓуопштинската соработка опфаќа две или повеќе соседни општини кои работат заедно заради вршење општински административни задачи, испорачување јавни услуги до граѓаните и поттикнување локален развој на поефикасен и поефективен начин преку изолирани активности.
Членот 2 од Законот за меѓуопштинската соработка (донесен на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 17 јуни 2009 година) истакнува дека:

(1) Меѓуопштинска соработка, во смисла на овој закон, е соработка што се основа меѓу две или повеќе општини за поефикасно и поекономично вршење на надлежностите на општините утврдени со закон и за остварување на нивните заеднички интереси и цели.

(2) Под меѓуопштинска соработка се подразбира и вршење на определени работи од надлежност на општините од страна на една општина за сметка на една или повеќе други општини врз основа на склучен договор меѓу општините.

Понатаму, со Законот се уредува постапката за основање на МОС, облиците преку кои се остварува,поттикнувањето, следењето и финансирањето на МОС, евиденцијата и надзорот над МОС и обврските за објавување на актите/одлуките за МОС.
Можноста за меѓуопштинската соработка најпрво беше дадена во чл. 14 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/2004). Меѓуопштинската соработка може да се воспостави во најразлични области на општинските надлежности. Оттука, законите со кои се уредуваат pазличните области мора да обезбедат поволно правно окружување и во најдобар случај и финансиски поттик.

Како дополнителни поттикнувачки фактори, што ќе ги охрабрат општините да воспостават МОС се и:

· очекувањата на граѓаните на збогатена и подобрена испорака на услуги;

· процесот на фискална децентрализација, кој ќе ги зголеми можностите за независно управувањесо општинските ресурси, пристап до пазарот на капитал и заедничко финансирање инвестицискипроекти;

· зголемената побарувачка за јавни-приватни партнерства и проширувањето на услугите конприватниот сектор и секторот на НВО;

· процесот на рамномерен рурален развој, за кој е потребен регионален пристап за планирање,програмирање и создавање проекти и нивно спроведување;

· процесот на рурален развој и спроведување на пристапот LEADER, за кој е потребно основањелокални акциски групи на територија со најмалку 10,000 жители;· интеграцијата во ЕУ и искористувањето на пред-пристапните инструменти (IPA), имајќи го предвид фактот дека се претпочитаат партнерства и проекти со поголем обем прифинансирањето и поради тоа малите општини треба да соработуваат,

Придобивки од соработката

На економските придобивки често пати се гледа како на основниот елемент на меѓуопштинската соработка. Ако не постојат економски придобивки, општините би требало да ја преиспитаат соработката и ако тоа е потребно, да ги користат ресурсите на поинаков начин.
Економијата на обем е типичниот извор на економските придобивки. Во најголем број случаи, поголемото производство води кон пониска цена по единица производ.

Друг аспект на економијата на обем е што таа носи повисоко ниво на искуство за организацијата, колку повеќе пати организацијата обезбедува одредена услуга, или решава одредена задача, толку стекнува повеќе знаење и побрзо и подобро може да ја обезбеди услугата. Да се искористи вишокот на капацитети е уште еден начин за остварување на економски придобивки.

За да реши одредена задача, општината често пати треба да инвестира во соодветни алати, машини итн., но најчесто истите не се користат 100%. Ако општината го продава или го разменува овој вишок на капацитет, се стекнува со подобар поврат од инвестицијата додека пак останатите општини не
мора да инвестираат во нови алати или машини.

Поделба на трудот и специјализација е исто така начин потполно да се искористат капацитетите на општините. Зголемениот број на задачи бара координиран и кохерентен пристап помеѓу соседните општини, како и помеѓу општините, окрузите, државата, меѓународните организации и приватниот сектор. Загадувањето на реката не застанува на границата на општината. Борбата против невработеноста можеби ќе бара соработка со образовните институции од соседната општина. Меѓуопштинската соработка е начин за обезбедување производство на услуги со потребната кохерентност и ефикасност, без да се напуштат фундаменталните принципи на локалната самоуправа.

Извор: Министерство за локална самоуправа,Прирачник за меѓуопштинска соработка

Препорачуваме

Партнери на Правдико